logo
logo
logo

Младенци исекоа торта висока 4 метри, чинела колку нов автомобил – сите се чудат (ВИДЕО)

Vecer | 29.02.2024

Младенци исекоа торта висока 4 метри, чинела колку нов автомобил – сите се чудат (ВИДЕО)

Прославата чинела 58.000 евра, а дел од сметката – поточно 15.000 евра – отишла на четириметарското „чудовиште“, украсено со ЛЕД осветлување.

Медлин (18) го кажа судбоносното „да“ пред избраникот Патрик (20) и ги воодушеви гостите. Таа за прв пат ја виде тортата во салата и остана без зборови.

„Сакав да изгледа како замок. Дизајнот го работевме заедно, но останав без зборови кога ја видов во сиот нејзин сјај. Свадбата беше совршена“, изјавила Медлин.

Тортата во форма на замок од бајките ја направила слаткарката Сем Вудраф, која го започнала големиот проект уште во ноември, пренесува The Sun.

Таа тргнала од основата, шест тркалезни колачи од по 20 сантиметри поставени во основата на структурата.

Сините покриви биле направени со помош на нова технологија, 3Д печатач, а секој од прозорците имал LED светла.

Сè е покриено со 50 килограми бел фондан и украсено со златни ливчиња.

„Тој ден ни требаа шест часа да го „изградиме“ замокот, а користевме скала за да стигнеме до врвот. Плачев кога сѐ беше готово“, изјавила слаткарката.

Таа истакнува дека ова е најголемата торта што ја направила во нејзината шестгодишна кариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk