Кога продавате која било работа, најважно е да направите добра и атрактивна реклама, за самата продажба да оди побрзо и подобро. А една на која неодамна на продажба се најде автомобил во Ќуприја, за среќа, на продавачот, привлече големо внимание кај сограѓаните, но и цела Србија.
Огласот кој се најде на автомобилот рено сеник 1.9 ги насмеа сите жители на Ќуприја, но и пошироко.
Содржината на текстот на овој оглас натера многу пешаци кои шетаат низ градот да застанат и внимателно да прочитаат. Без исклучок никој не останал рамнодушен, ако не друго барем сите продолжиле по патот со насмевка.
"Акција. Се продава автомобил - од поранешната сопруга. Го продавам со тешко срце", пишува на листот залепен со селотејп на автомобилот.
Сопственикот открил дали луѓето застануваат да го читаат огласот, и каква е реакцијата после тоа.
- Застануваат, гледаат во реното, па читаат и реакцијата на сите е иста, убава насмевка на лицето!“, вели тој.
На прашањето од каде идејата за ваков рекламен текст, тој одговара.
„Има и малку вистина, но првенствено сакав да привлечам внимание и мислам дека успеав, а кога ќе го продадам, ќе видиме“, рекол тој.
Инаку, рекол и дека автомобилот е негова сопственост и сите заинтересирани можат да му се јават на телефонскиот број во огласот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата