logo
logo
logo

Идни мајки, внимавајте! Ова може да има негативно влијание на вашето бебе!

Vecer | 21.11.2023

Идни мајки, внимавајте! Ова може да има негативно влијание на вашето бебе!

Многумина не ја сфаќаат сериозно психичката состојба на трудницата, меѓутоа, таа има голем ефект врз бебето што ќе го роди. Нејзиното ментално здравје може да има длабоко влијание врз умот на нероденото бебе – пренесува Хелт деј (Health Day).

Ако некои мајки биле изложени на стрес, анксиозност или депресија за време на бременоста, тоа би можело да се пренесе врз детето, односно како последица да има влијание врз неговото ментално здравје и да предизвика проблеми во неговото однесување. Ова конкретно се однесува на можноста децата да имаат симптоми на АДХД или да покажуваат агресивно и непријателско однесување доколку нивните мајки се справувале со некои психички проблеми.

- Нашето истражување сугерира дека психолошкиот стрес за време на бременоста има мал, но постојан ефект врз ризикот децата да имаат агресивно, импулсивно и дезинхибиторно однесување - вели истражувачката Ирина Тунг, доцент по психологија на Државниот универзитет во Калифорнија, Домингез Хилс.

За да дојдат до ова знаење, Тунг и нејзините колеги прегледале и анализирале податоците од 55 студии, во кои биле вклучени повеќе од 45.000 учесници.

Споменатите студии го мереле психолошкиот стрес на жените за време на бременоста, а подоцна и екстернанализираното однесување на нивните деца, односно симптомите од менталното здравје насочени кон другите. Била истражувана и мајчината вознемиреност за време и по бременоста, а тоа помогнало во контролата на потенцијалните ефекти од постпородилните ментални здравствени проблеми врз бебето во развој.

Иако постнаталниот стрес бил под контрола, истражувачите откриле дека психолошките симптоми за време на бременоста го зголемуваат ризикот од проблеми врз менталното здравје кај децата. Ова се однесувало подеднакво и за момчињата и за девојчињата, и тоа во раното детство (2-5 години), а ваквите проблеми се задржале и во тинејџерските години. Овие резултати биле објавени во списанието Психолошки билтен (Psychological Bulletin). Оваа теорија сугерира дека хормоните на стрес можат да влијаат врз развојот на мозокот кај децата уште додека тие се во утробата. Истражувачите сега работат на изнаоѓање начини на поддршка кои би можеле да ги заштитат жените од стрес во текот на бременоста, особено во семејствата кои се соочуваат со нееднаква здравствена заштита.

Тунг истакнува дека повеќето истражувања се фокусирани на белци, луѓе од средна класа и образовани луѓе, а дека искуствата на расизам, економска нееднаквост и недостаток на здравствена заштита го зголемуваат стресот кај трудниците.

Голем број жени се чувствуваат вознемирени и депресивни за време на бременоста, а тоа допринесува до долгорочни негативни последици врз нивното дете. Експертите напоменуваат дека доколку идните мајки се соочуваат со стрес или нарушено ментално здравје, треба да побараат совет и поддршка за да ги избегнат негативните последици врз нероденото дете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk