Алиса Мекарвел со гордост објави кратко видео на ТикТок од неа и нејзиниот сопруг Скот пред да заминат на венчавка под кое напишала „мој засекогаш плус еден“. Но, наместо пофалби, таа добила низа сурови коментари.
На видеото двајцата прво се гледаат пред огледалото завиткани во крпи, а потоа се средени за венчавката. Ова кратко видео уште еднаш покажа колку луѓето можат да бидат злобни кога се кријат зад екранот.
Еден во коментарите напишал: „Дали е ова платен актер? на што Алис одговорила велејќи: „Ти си неплатен коментатор“.
Едно лице ја бранело, велејќи: "Тој е веројатно со неа бидејќи таа е прекрасна девојка и го третира како крал. Вистинска љубов. Браво за нив!"
Алиса веќе се „пресметувала“ со луѓето кои имале само грди коментари од типот дека е дебела и како може да биде во врска со мускулест маж. Корисничката на ТикТок исто така побарала луѓето да престанат да коментираат за нејзиното тело бидејќи е совршено среќна таква каква што е.
Во едно од следните видеа таа објавила некои од грдите коментари и прашања кои луѓето и ги оставале во коментарите. Во најголем дел, повеќето се занимавале со идејата дека таа е во врска со маж кој е „позгоден“ од неа.
„Прашања што луѓето ми ги поставуваат како дебела жена мажена за мускулест маж“, започнала таа.
Тврдела дека ја прашале дали е загрижена дека ќе ја изневери поради нејзиниот изглед, на што таа одговорила „ни малку“. Алиса, исто така, тврди дека ја прашале дали таа е „финансиер“ во нивната врска, на што таа рекла дека и двајцата работат и заработуваат. Ја прашале и како е можно Аполон да се ожени со морж.