logo
logo
logo

Сезоната за него заврши: Гави ги скина лигаментите во коленото

Vecer | 20.11.2023

Сезоната за него заврши: Гави ги скина лигаментите во коленото

Шпанците синоќа со побед аго потврдија пласманот на Европското првенство следната година,но по мечот на никој не му беше до прослава. Причина е тешката повреда на фудбалерот на Барселона Гави. За време на мечот, Гави го повреди коленото и во болки мораше да го напушти теренот. По средбата стана јасно дека младиот фудбалер на Каталонците има сериозна повреда на вкрстените лигаменти и тоа значи дека ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната.

Според венсикот „АС“, првиот лекарски преглед покажал дека играчот од средниот ред на шпанската репрезентација има скинати предни вкрстени лигаменти. Доколку оваа информација биде потврдена со денешните резултати од магнетната резонанца, играчот ќе пропушти 6 до 8 месеци од фудбалските натпревари и веројатно нема да може игра ниту на ЕП 2024, ниту на Олимпијадата. Конечната дијагноза ќе биде поставена по прегледот денеска во Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk