logo
logo
logo

Голем пожар во парк во Гетеборг, евакуирани се гостите од блискиот хотел (ВИДЕО)

Vecer | 12.02.2024

Голем пожар во парк во Гетеборг, евакуирани се гостите од блискиот хотел (ВИДЕО)

Засега нема информации за повредени, а полицијата поради густиот чад над тој дел од градот ги советува граѓаните кои живеат во тој реон да останат во своите домови и да ги држат затворени прозорците за да не навлезе чадот.

Евакуирани се гостите од блискиот хотел и деловните простории.

„Пожарот избувна на еден од тобоганите надвор од зградата, а потоа се прошири на целиот објект“, се наведува во соопштението на паркот Лизеберг.

Ројтерс јавува дека на видеото се гледа како тобоганот го зафаќа пламен, додека неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во моментот на пожарот немало гости во водениот парк Океана, кој требало да биде отворен оваа година и е додаток на забавниот парк во Гетеборг, изјави портпаролот на паркот за шведската новинска агенција ТТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk