logo
logo
logo

СЕ ИСПИТУВААТ КОНТАКТИТЕ на Палчо во Турција

Vecer | 11.12.2023

СЕ ИСПИТУВААТ КОНТАКТИТЕ на Палчо во Турција

Случајот со двојното убиство стана главна тема не само во Македонија туку и во регионот. Љупчо Палевски познат како Палчо главниот осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, беше фатен во Турција, па и тамошните медиуми започнаа да известуваат.  

Палчо, беше уапсен во Баликесир, а во моментов турската полиција испитува кои се неговите контакти во таа земја и зошто решил таму да се крие.

Палчо по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е опишан во турските медиуми како „лидер на екстремната десница во Македонија“.

„Познато е дека Палевски, кој го бара Интерпол, е лидер на екстремно десничарска партија во Македонија. Додека се разгледува можноста осомничениот Палевски да дошол во Турција преку Србија и Бугарија, полициски екипи ги истражуваат неговите врски и во Турција.“, објави Хаберлер.

Турските медиуми засега за Палевски известуваат само дека се барал за две убиства во близина на Скопје и дека е фатен во акција на полициската управа на Баликесир како и тоа дека е лидер на екстремно десничарска партија, кој најверојатно пред да влезе во Турција прво бил во Србија и Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk