logo
logo
logo

Заборавете на контрастoт: Оваа боја на коса изгледа најскапо!

Vecer | 02.04.2026

Заборавете на контрастoт: Оваа боја на коса изгледа најскапо!

 Косата во боја усогласена со тенот на кожата станува најпосакувана боја во претстојната сезона - софистицирана, суптилна и совршено усогласена со тенот, без нагли премини и вештачки ефект.

Ако сакате вашата коса да делува скапо, префинето и речиси природно, косата според тенот на на вашата кожа е трендот што ќе ја одбележи 2026 година. Станува збор за нијанси кои совршено се усогласени со тенот на кожата, без ненадејни контрасти и драматични премини.

Што значи коса со боја на кожа?

Самото име кажува – тоа значи избор на нијанса што одговара со вашиот природен тен, наместо да биде во контраст со него. Наместо изразена, видлива промена, акцентот е на хармонија и суптилност.

Тоа можат да бидат топли карамел тонови, златни поттонови, беж и шампањ руса коса за посветла кожа или темно кафеави нијанси за потемен тен. Клучот е во тоа што бојата на коса да произлегува од тенот на кожата, создавајќи мека, речиси незабележлива целина.

Акцентот е ставен на микро-прамените и меките рефлексии кои делуваат како да се резултат на природната светлина, а не на агресивно бојадисување. Резултатот е елегантна, избалансирана естетика која му дава на лицето топлина и свежина.

Зошто косата според тенот на кожата е хит во 2026 година?

Во време на филтри и пренагласени контрасти, косата со боја на тенот на кожата претставува тивок луксуз. Станува збор за тренд кој не бара внимание со драма, туку со прецизност. Не се обидува да ја трансформира личноста, туку да го нагласи она што веќе природно е убаво.

Овој пристап ги омекнува цртите на лицето, дава суптилна свежина и создава впечаток на негувана коса без претерување. Токму затоа познатите лица како Зендаја, Анок Јаи, Роуз или Бела Хадид сè повеќе ја избираат.

Кому најдобро му прилега?

Косата според тенот на кожата е прилагодлива речиси за секого бидејќи се базира на индивидуална анализа на нијансите - топли, ладни или неутрални. За разлика од трендовите што бараат радикални промени, овде станува збор за личен пристап.

Ако сакате да го освежите вашиот изглед без драстично потстрижување или екстремна боја, косата во тон со вашата кожа ќе ви донесе природна елеганција што изгледа софистицирано, но ненаметливо - и затоа, судејќи според нејзината популарност, оваа година ќе доминира во фризерските салони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk