logo
logo
logo

Вознемирувачка снимка на Џастин Бибер: Се однесува како зависник (ВИДЕО)

Vecer | 22.04.2025

Вознемирувачка снимка на Џастин Бибер: Се однесува како зависник (ВИДЕО)

На видеото Бибер бил без кошула и делувал дезориентиран, а додека танцувал други го држеле за да не падне. Поради неговото чудно однесување, многумина напишаа дека изгледа како да е под дејство на дрога. Погледнете го видеото.

Watch on TikTok

„Тој е целосно скршен“

„Тој се однесува како зависник“, „Тој е целосно скршен“, „Се надевам дека нема да заврши како Арон Картер“, „Мислам дека ова нема да заврши добро“ и „Хејли мора да е загрижена“, се дел од коментарите под видеото.

Инаку, истиот ден кога се појави видеото, неговата сопруга Хејли објави фотографија со нивниот син на Инстаграм.

„Му треба помош“

Да потсетиме, Бибер во последните месеци постојано ги загрижуваше фановите со своето однесување. На почетокот на месецот беше снимен на Инстаграм без кошула со вдлабнати очи и пијан поглед додека пушта музика и се ниша, а фановите напишаа дека му е потребна помош.

На почетокот на март, тој објави фотографии на кои пуши нешто што изгледа како бонг додека седи на електричен велосипед, а неодамна рече дека има „проблеми со гнев“ и дека не се сака себеси кога чувствува дека станува „неавтентичен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk