logo
logo
logo

Водителката има многу ПОУЧНА порака за ќерка и: Ќе ја научам да се омажи за БОГАТ, не за СИРОМАШЕН

Vecer | 25.08.2023

Водителката има многу ПОУЧНА порака за ќерка и: Ќе ја научам да се омажи за БОГАТ, не за СИРОМАШЕН

Водителката Јована Јеремиќ неодамна и го прослави петтиот роденден на ќеркичката Леа, а открила дека по тој повод и посакала нешто специјално, би рекле „многу мудро“. Имено, специјалната желба е толку специјална што е повеќе од очигледно дека само таа можела да смисли вакво нешто.

 

 

- Што и да сака Леа да биде, ќе ја има мојата поддршка. Сака да биде во центарот на вниманието! Таа сега руши се пред себе, имаме проблем сега да ја прекинеме приказната, рекла Јована и открила дека се надева оти ќерка и кога ќе порасне ќе се омажи за некој богат.

-Нема да дозволам да пати за мажи, ќе и пренесам се што мислам дека е важно, а тоа е да не изневерува, никогаш да не биде втора и да не зема дечко на другарка, бидејќи тоа ми е под секој морал. Ќе ја научам да биде своја, никогаш да не зависи од ниту еден маж. Жената мора прво секогаш да има сè сама, а потоа да му земе на мажот. Ќе ја научам да се омажи за богат, а не за сиромав. Има една реченица што никогаш не сум ја кажала: „Кога на жената ќе го згреши брачниот партнер, наместо ролекс, стан во центарот на Белград и автомобил, добива рак.“ Запомнете ги овие зборови на Јована Јеремиќ бидејќи ако веќе плачете, плачете во мерцедес, не плачете на клупа. Мажот кој инвестира во жена никогаш нема да и наштети. И да ја изневери, ќе биде за една вечер, а тоа не е изневерување. Колку повеќе мажот вложува во жената, толку повеќе ја сака, се друго е лага, изјавила Јована.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk