logo
logo
logo

Во куќата на Златан Ибрахимовиќ ИМА САМО ЕДНА СЛИКА - И ТАА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА, да знаат од каде доаѓа лебот

Vecer | 27.01.2024

Во куќата на Златан Ибрахимовиќ ИМА САМО ЕДНА СЛИКА - И ТАА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА, да знаат од каде доаѓа лебот

Вечниот Златан Ибрахимовиќ (42) конечно стави крај на својата голема фудбалска кариера, а 42-ри роденден минатата есен го прослави во тренинг центарот на Милан, славниот „Миланело“.

Тој играше фудбал од осум години и во следните 30 и „плус“ години ја испиша историјата на тој спорт, станувајќи еден од најдобрите што го играле фудбал. Златан пораснал во Малме, Шведска, каде што е роден и каде ја запознал својата сопруга Хелена Ибрахимовиќ на почетокот на векот, кога сè уште бил млад бисер на Ајакс.

Во една животна исповед во интервју за Пирс Морган, Златан ги откри сите детали од нивниот почеток на запознавање.

Хелена дипломирала економија, постара е од него 11 години, била успешна ТВ водителка, богата уште пред да го запознае и се запознале на железничката станица во Малме. Тој имале 20 години и не ја импресионираше Хелена првиот пат кога се сретнаа.

"Не се откажав, бидејќи ја видов ретко убава плавуша. Бев во моето Ферари, сакав да глумам "кул", а и таа имаше убав автомобил. Се паркирав и си реков "Обиди се да бидеш кул". Таа целосно ме игнорираше и реков: 'Не сакав да добијам таков игнор одговор'.

Кога бев млад, бев срамежлив. Не сум типот каков што сум денес. Кога првпат дојдов во градот, имав 18 години а за тие плавуши не знаев. Од каде сум јас имаме различно потекло, различен тип на луѓе сме различни девојки. Во градот видов плавуши, различни движења, не бев порано во таков голем град , се двиѓев секогаш во мојата околина. И кога ја видов Хелена и реков „Богами, каква убава девојка“ и таа ме игнорираше. Мислев дека тоа не е во ред. Познав една другарка што ја познаваше неа, и пратив пораки и таа повторно ме игнорираше, но не се откажав, на крајот се појави шанса...“.

Тој и напиша долга порака и долго мислел како да ја потпише за да знае кој е.

„Интересно е што првата порака, во која и напишав приказна, ја завршив со „Црвено“. За да не знае кој е. Затоа што Ферарито ми беше црвено. Таа ми одговори и заврши со „Црно“, затоа што нејзиниот спортски автомобил беше црн. Тогаш мислев „Во ред е“. Почнавме да разговараме, но таа беше 11 години постара од мене, јас бев незрел, а таа беше елегантна, знаеше што прави, што сака... И се забавувавме две години.

После тоа (во 2004 година) се преселив во Италија и и реков дека е време да дојде и да се обидеме, инаку нема да знаеме што ќе се случи и како ќе испадне. И морам да кажам, да не беше 11 години постара немаше да издржи со мене. Бев див, имав поинаков начин на покажување љубов, имав друг темперамент, но таа имаше многу трпение. Поради годините и смиреноста таа е уште тука. Беше позрела, потрпелива. Или виде инвестиција во мене. Ја виде иднината“, се насмеа Ибрахимовиќ.

Особено е интересна приказната зошто тие никогаш не се венчале, иако се заедно 20 години и иако имаат два сина, Максимилијан (17) и Винсент (15). Тој ја запросил, а таа го одбила. Еве како изгледаше тоа.

Зошто никогаш не побара од неа да се омажи за тебе? Дали го направи тоа?, го праша Морган.

„Јас сум пробал...“, рече Златан со насмевка која покажа дека не е сигурен дали треба да зборува.

И што се случи?

Таа рече „Не“

Навистина?

„Да, таа е силна. Тоа беше пред неколку години. Јас и реков „После 20 години, заслужуваш да се омажиш за мене. Таа рече: „Не треба да бидам во брак со тебе за да бидам со тебе“. Таа е многу силна, стабилна“, објасни Ибра.

Како се чувствувавте кога бевте одбиени?

Мислам дека е кул, бидејќи ако го направиш тоа во што веруваш и остануваш, тогаш добиваш поголема почит од мене. Не морам постојано да победувам.

Дали ќе се обидете повторно?

Не, таа имаше една шанса, друга нема да добие. Но, таа има и двајца момци (синовите), тоа е поголема работа отколку ако е мажена за мене

Златан во истото интервју појасни и дали е вистина дека на прашањето што и купил на сопругата за Денот на вљубените, рекол дека не и треба подарок, бидејќи го има Златан? „Тоа беше со друга девојка, не беше Хелена, бидејќи таа за такво нешто веднаш ќе излезеше од вратата“, рече Ибрахимовиќ и го објасни контекстот на неговата изјава.

„Кога сè се случуваше околу мене, имаше многу адреналин, медиумско внимание, секој ден имав простор во медиумите. И тогаш ја запознав таа девојка и се верив со неа, и таа рече „Да“. И беше кул. затоа што тоа беше под адреналин. Јас навистина не разбрав што значи тоа, затоа што ми рекоа дека тогаш, ако си верен,  имаш една година во која треба да се жениш. И реков: „Не сакам“.

Но, тоа ми се допадна. -дека имам прстен, девојка, дека сум верен. А потоа новинарите ме прашаа што и купив, а јас реков „Каков поклон? Еве јас. Јас сум подарок“, се насмеа Ибрахимовиќ. „Кога ми рекоа дека треба да се женам за една година, раскинав следниот ден. Не сакав да се женам. Не ја разбрав широчината на сето тоа“.

Потоа зборуваше за Хелена уште еднаш.

"Не и е грижа за медиумите, за пехарите и за се. Искрено, не ми треба ни парче хартија за да докажам дека е моја, таа е моја без разлика на хартијата. Дури и годините направија разлика. Партнерите се менуваат по пет години тие веќе не се исти. Мислам дека ја немам ни истата жена што ја имавте кога ја запознавме“.

Но, никогаш навистина не си имал жена“, му рекол новинарот

„Не, затоа што не сакам да загубам 50 проценти (од имотот)“, се насмеа Златан.

Ибрахимовиќ ја потврди и гласината дека нема негови фотографии во неговиот дом. Поточно, има само една - на кој му се сликанио стапалата. "Да, немам мои слики на ѕидовите, но тоа е моја идеја. Затоа што во семејството треба да се потсетиме од каде доаѓа целата храна - од моите нозе. Тоа е потсетник за сите нив дека секогаш кога ќе влезат мојата теретана, тие ги гледаат тие стапала“.

А главата? „Мојата глава ги контролира моите стапала, во право си, но моите стапала зборуваат повеќе за мојата игра. Играта со глава дојде на крајот, кога веќе не бев доволно брз. Не, сè што кажав е важно за да знаеме од каде сето тоа дојде од и зошто сме денес таму каде што сме. Нема слики од мене, Хелена ми кажа дека доволно ме видела.

А тоа е важно и за моите деца, важно е да ме гледаат како татко, не како професионален играч Златан Ибрахимовиќ. Не треба да растат во моја сенка, затоа што се поважни од мене и никогаш нема да дојдат во ситуација да се чувствуваат второ или трето. Тие се во пол-позиција“.

Дали сака и синовиоте да играат фудбал? „Да, зошто да не. Тие денес играат фудбал за Милан, многу се фокусирани и важно е да не го прават тоа за мене. Сега кога ги имам, моите момчиња и ги носиме на натпревари, се гледам со родителите кои ги носат своите деца, ги тераат да прават некои работи и сега го имате тој проблем кога родителите ги притискаат децат, досаѓаат на тренери, агенти, адвокати, но важно е да знаат дека не можат да ги натераат децата да го прават тоа за нив, туку за себе. Среќен сум што моите деца го прават тоа за себе“.

"Ги третирам како да ми се соиграчи, а не како да се мои деца. Не знам дали е тоа во ред. Директен сум со нив, тоа е тешка љубов. Ги критикувам како соиграчи, а не како деца. Живеевме во Лос Анџелес и го знаете сообраќајот и гужвата таму, дека треба да ги возите час и половина за да тренираат.  Ако тренингот е добар или лош, сè се случува, но мора да дадат 200 проценти“, рече таткото на Винсент и Максимилијан, Златан Ибрахимовиќ. .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk