Сања Марковиќ сите ја паметиме по улогата во филмот за познатиот пејач Тома Здравковиќ, во кој ја играше Гоца, неговата последна сопруга, која беше покрај него до неговата смрт.
Оваа улога беше голем предизвик во кариерата на младата Сања, но трудот вроди со плод и по премиерата на филмот не доби ништо освен пофалби.
Оваа улога секако беше отскочна даска за нејзината филмска кариера, а нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Данило Лончаревиќ, даваше голема поддршка во текот на нејзината работа.
Минатата година медиумите објавија дека младата актерка се свршила, а со својот избраник е во врска веќе осум години.
Интересно е што и двајцата дипломирале во класата на професорот Срѓан Карановиќ, па слободно може да се каже дека освен што уживаат во љубовта, делат и заеднички интереси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата