За време на доделувањето на „Оскарите“, имено, О'Брајeн во еден миг го коментираше фактот дека оваа година нема британски глумци меѓу номинираните...
- За првпат по 2011 година, нема номинирани британски актери, рече водителот... - Но, тие таму барем ги апсат своите педофили!, додаде тој на крајот.
Иако директно не спомена имиња, јавноста секако ја поврза оваа шега со скандалот со Епстин и неговата поврзаност со бројни моќни луѓе, како и со детитулираниот принц. Инаку, во документите на Епстин, коишто ги открија неговите врски со бројни светски личности, на пр., ги има и имињата на Бил Гејтс и Доналд Трамп.
Во текот на вечерта, О’Брајен се шегуваше и за голем број актери и номинирани - вклучувајќи го и номинираниот Тимоти Шаламе, што исто така, предизвика лавина коментари на интернет.
- Безбедноста е на многу високо ниво вечерва. Постои загриженост за напади од балетско-оперската заедница. Тие се лути што го изоставивте џезот, се пошегува О’Брајен.
Камерата брзо се префрли на Шаламе и неговата девојка Кајли Џенер, кои се насмеаја на забелешката. Инаку, се верува дека глумецот кој претходно се сметаше за најголем фаворит за статуеката за главна машка улога, ги загуби тие шанси по својата изјава дека операта и балетот, наводно, се „пред изумирање“ и оти веќе не се интересни за никого.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата