logo
logo
logo

Видео: Сите зборуваат за младешкиот изглед на Ен Хатавеј на Оскарите

Vecer | 22.03.2026

Видео: Сите зборуваат за младешкиот изглед на Ен Хатавеј на Оскарите

Убавата актерка откри неколку тајни за својот младешки изглед.

Ен Хатавеј беше една од главните теми на Оскарите поради нејзиниот младешки изглед, а сега сподели уште неколку трикови кои ѝ помагаат да изгледа убаво.

Актерката Ен Хатавеј привлече внимание на Оскарите со своето нереално лице, но и со гламурозната облека во која уште еднаш докажа дека е вистинска дива.

Сепак, и покрај сето ова, Ен се најде и на мета на негативни коментари, главно поради тој младешки изглед кој ѝ го донесе вниманието на целиот свет. Многумина веруваат дека претерала со козметичките процедури, премногу го затегнала лицето и изгледа поинаку.

За барем делумно да ги разбие сомнежите на своите обожаватели, Ен објави видео во кое може да се види како се подготвува за самата церемонија, каде подоцна блесна во полн сјај.

Во еден момент, таа се сврте кон својот фризер и го замоли да им ја открие нивната мала тајна на сите - две мали плетенки на страната кои се толку мали што не се видливи, а завршуваат на задниот дел од главата каде што се прикачени и скриени под остатокот од косата.

„И веднаш изгледаш малку побудно. Тоа е трикот“, рече Ен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk