logo
logo
logo

Видео: Селин Дион по неколку години се појави во јавноста

Vecer | 02.11.2023

Видео: Селин Дион по неколку години се појави во јавноста

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната пејачка Селин Дион по подолго време неделава се појави во јавноста. 

Пејачката со години не се појавува во јавноста поради здравствени проблеми, бидејќи има т.н синдром на вкочанета личност. Славната пејачка со волшебен глас присуствуваше на НХЛ натпревар во Лас Вегас со членовите на семејството. Селин Дион го следеше дуелот меѓу Лас Вегас и тимот од нејзиниот роден град Монтреал. 

По натпреварот, Селин Дион влезе во соблекувалната и зборуваше со присутните. И покрај проблемите, канадската ѕвезда беше расположена и изгледаше добро, а со неа беа и нејзините синови.

Инаку, Селин Дион ја објави својата дијагноза во декември 2022 година, откако откажа серија концерти. Синдромот на вкочанета личност е ретко, прогресивно невролошко нарушување кое може да предизвика вкочанетост на мускулите на торзото, рацете и нозете. Нејзината сестра летово објави дека пејачката е во лоша состојба и дека не можат да најдат лек кој делува за неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk