logo
logo
logo

Видео: Деми Мур во светкава тоалета на Модната недела во Милано

Vecer | 24.09.2025

Видео: Деми Мур во светкава тоалета на Модната недела во Милано

Својот изглед актерката го комплетираше со фризура со кадрици, едноставна шминка, накит и добро расположение. Со оваа креација, според познавачите, докажа зошто е една од најдобро облечените познати жени на денешнината.

Модниот бренд „Гучи“ почна нова ера под водство на креативниот директор Демна Гвазалија. Глумицата, заедно со Едвард Нортон, се појавува во кусиот филм „Тигар“ (The Tiger) којшто беше прикажан на настанот.

Според Демна, дебитантската колекција е „беспрекорно секси, екстравагантна и одважна“.

Покрај Деми Мур, на Неделата на модата во Милано пристигнаа и бројни други ѕвезди, меѓу кои Серена Вилијамс, Ана Винтур, Гвинет Палтроу и Лила Мос. Настанот трае до 29 септември. Ќе бидат прикажани 54 ревии и четири онлајн-ревии. Ова престижно модно збиднување ќе заврши со прослава на 50-годишнината од брендот на Џорџо Армани, кој почина на 4 септември, оваа, 2025 година, на 91-годишна возраст. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk