logo
logo
logo

УАПСЕН МИЛЕ КЕКИН ОД ХЛАДНО ПИВО: Причината измама со недвижности

Vecer | 11.04.2025

УАПСЕН МИЛЕ КЕКИН ОД ХЛАДНО ПИВО: Причината измама со недвижности

Музичарот Миле Кекин бил уапсен во акција на хрватската УСКОК, дознава РТЛ. Миле Кекин, поранешниот фронтмен на бендот „Хладно пиво“, бил уапсен во операција на УСКОК (Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал) и полицијата.

Во операцијата не бил уапсен само Кекин, туку и неколку други лица, а се сомнева дека причината била измама со недвижности. Поточно, станува збор куќата на Миле Кекин.

Како што неофицијално дознава „Индекс“, во тек е претрес во домот на Кекин, кој е осомничен за неправилности при купувањето земјиште во Истра. Ова е афера што стана јавна во пресрет на претседателските избори, на кои сопругата на Кекин, Ивана Кекин, беше кандидатка на партијата Можемо.

Апсењата и итните доказни дејствија ги спроведува ПНУСКОК по наредба на УСКОК.

„Горенаведените дејствија се спроведуваат во Загреб и регионот Истра во врска со неколку лица за кои постои основано сомнение дека сториле неколку кривични дела злоупотреба на положба и овластување и перење пари. По сослушувањето на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошни дејствија во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Сопругата на Миле Кекин, Ивана Кекин, беше кандидат за претседател на Хрватска на изборите одржани во декември 2024 година.

Таа неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста поради луксузната вила во Момјан, Истра, која ја поседува заедно со својот сопруг, поранешниот фронтмен на „Хладно пиво“.

Вилата, наречена „Воларе е Кантаре“, има површина од 130 квадратни метри и е опремена со базен, а се издава под наем на туристи по цена од 300 до 500 евра од ноќ, во зависност од сезоната. Според податоците од имотната карта, вилата со нејзината парцела од 412 квадратни метри е проценета на 400.000 евра, објавува Индекс.

Хладно пиво се распадна во 2022 година по 35 години постоење, а Кекин тогаш изјави дека се претвориле во бенд кој свири само стари хитови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk