Кралицата на попот Мадона моментално е на својата голема турнеја „Celebration“, соборувајќи ги сите рекорди и влегувајќи во Гинисовата книга на рекорди. Коментарите за нејзиниот настап не престануваат, а еден фан ја тужел и побарал да му се вратат парите што ги потрошил за да ја плати картата или обештетување во износ од речиси целата заработка од турнејата.
Ова бизарно барање го упати Џастен Липелас откако за малку ќе се онесвестел на нејзиниот концерт, а бил и згрозен од експлицитното танцување и однесување на пејачката и нејзините танчари.
Тој е бесен

Во тужбата, Липелас наведува дека концертот започнал час и половина подоцна, дека Мадона пеела половина од песните на плејбек, но и дека „во салата било невозможно да се дише, бидејќи климата била исклучена“.
Нему и на некои посетители им се слошило поради жештината и гужвата, а кога публиката се пожалила дека не може да дише, поп-дивата им рекла „соблечете се ако ви е жешко“.
Кога станува збор за соблекувањето, мажот тврди дека го имало и тоа, како и дека бил „изложен на по***графија без предупредување“.
„Бев принуден да гледам жени во топлес како симулираат односи“, рекол тој, додавајќи дека сето тоа изгледало „како да гледа филм за возрасни“.
Скандалозна сцена на концертот
Оваа 65-годишна пејачка веќе подолго време ги тестира своите граници и толеранцијата на публиката на она што е прифатливо, а што е целосно без стил и вкус, па откако се тркалаше по масаш во шоуто, дојде и задоволување на сцената.
Мускулеста жена, или подобро кажано, мускулест маж преобразен во жена за потребите на сценскиот настап, ја доведува Мадона речиси до оргазам додека заедно симулираат интимна врска на сцената.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата