logo
logo
logo

Тори Спелинг за спомените од младоста и дружењето со Парис Хилтон

Vecer | 27.03.2026

Тори Спелинг за спомените од младоста и дружењето со Парис Хилтон

 Имено, во епизода од својот подкаст „Мис-Спелинг“ (MissSpelling), таа раскажа како нејзиното семејство често минувало време со семејството на нејзината најнова гостинка во емисијата.

- Пораснав со Парис. Ја сакам. Таа ми е како семејство. Ја познавам уште од мали нозе. Сите пораснавме во тој круг, бидејќи нашите родители беа пријатели, рече Тори.

Спелинг рече дека неодамна повторно се сретнала со Хилтон на нејзината роденденска забава, каде што дошла со својот 19-годишен син, пишува „Дејли њуз“. Актерката, исто така, се потсети дека Парис била во врска со нејзиниот помлад брат Ренди Спелинг. Покрај тоа, и Хилтон се потсети на минатото.

- Се сеќавам на Денот на благодарноста и времето минато со нашите семејства. Секогаш велев дека сакам Тори да се грижи за мене. Тоа е она што го сакав кај неа. Ме гледаше со почит и тоа е единствената личност во мојот живот што го правеше тоа. Цел живот имавме посебна врска, нагласи Хилтон.

Тори и Ренди пораснале со своите родители во Холмби Хилс, Калифорнија, САД. Кога Тори била тинејџерка, нејзиното семејство се преселило во Спелинг Мејнор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk