logo
logo
logo

Том Круз доби почесен „Оскар“

Vecer | 17.11.2025

Том Круз доби почесен „Оскар“

Се работи за познатите „Гувернерски награди“, па синоќа, 63-годишниот актер се качи на сцената со музиката од филмот „Невозможна мисија“ во позадина, и со голем аплауз од неговите колеги. Во текот на вечерта, почесни „Оскари“ им беа доделени и на глумицата Деби Ален, сценскиот дизајнер Вин Томас и кантри-пејачката Доли Партон, која беше наградена за нејзината хуманитарна работа.

И покрај четирите номинации за вистинскиот „Оскар“ во минатото - за улогите за филмовите „Роден на 4 Јули“, „Џери Мегваер“ и „Магнолија“, и како продуцент за „Топ Ган: Маверик“ - Круз сè уште не ја освоил престижната награда.

„Гувернерските награди“ ги организира Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, со цел - признание за придонесите во филмската индустрија и за животно дело. Настанот некогаш беше дел од програмата за доделување на Оскарите, но беше одвоен во 2009 година, и оттогаш, говорите на свеченоста не се временски ограничени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk