logo
logo
logo

(ФОТО+ВИДЕО)

ТЕТОВО ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ПОСЕТЕНОСТ: Сите со знамиња во рацете ПЕЈАТ во еден глас - “Македонијо во срце те носиме“

Vecer | 04.10.2023

ТЕТОВО ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ПОСЕТЕНОСТ: Сите со знамиња во рацете ПЕЈАТ во еден глас - “Македонијо во срце те носиме“

По Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“  вечерва пеат во Тетово на Градскиот плоштад.

Слободно можеме да кажеме дека Тетовчани го урнаа рекордот на посетеност - сите со знамиња во рацете едногласно пејат “Македонијо во срце те носиме“

ВО ЖИВО НА ОВОЈ ЛИНК

На репертоарот и во градот под Шара се сите 12 песни од проектот, а „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… и овој пат се отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Фото: Вечер.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk