„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News.
Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа празнична сезона, континуираната поддршка на Свифт е моќен потсетник за тоа што е можно кога се обединуваме за да го ставиме крај на гладот“, изјави Бабино-Фонтенот преку Инстаграм. „Кога соработуваме со луѓето што се соочуваат со глад, можеме да обезбедиме семејствата да имаат полна маса оваа празнична сезона и понатаму“.
Свифт јавно не ја објави донацијата. Гестот доаѓа во време кога многумина во САД се борат со недостиг на храна. Според неодамнешна студија на Универзитетот Пердју, приближно 14% од американските домаќинства пријавиле несигурност во врска со храната помеѓу јануари и октомври 2025 година. Бабино-Фонтенот минатиот месец изјави дека „Фидинг Америка“ гледа поголема побарувачка отколку што може да се справи. „За жал, редовите се подолги од достапната храна“, рече таа.
Серија добротворни дела
Ова не е прв пат Свифт да ги полни медиумските рубрики со своите донации. Пејачката донираше 100.000 долари на семејството на локален радио водител кој беше убиен во пукотница на победничката парада на Канзас Сити Чифс во февруари 2024 година. Таа, исто така, донираше 1 милион долари за помош на жртвите од разорните торнада во Тенеси во 2023 година.
Милијардерката, која сама си го направила своето богатство, е позната и по тоа што им дала дарежливи бонуси на десетици членови на екипажот кои учествувале во нејзината рекордна турнеја „Ерас“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата