По долготрајната битка со повредите добиени во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше. Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан. Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.
Си замина уште една легенда на македонската музика и не постојат зборови кои можат да ја ублажат болката предизвикана од прераното заминување на овој голем музичар.
Двоецот Панчо и Андреј, познат како ДНК, остави неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини, туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.
Сочувство до неговото семејство и блиските.
Збогум пријателе!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата