Со својата симпатична насмевка и радоста со која зрачела, таа брзо го освоила султанот и му станала миленичка, а потоа и неговата сопруга.
Хурем Султанија била миленичка на османлискиот султан Сулејман I и неговата венчана жена. Таа исто така била мајка на пет негови деца - султанот Селим II, наследникот на Сулејман I, султанката Михримах како и принцовите Мехмет, Бајазит и Џихангир.
Таа се смета за најмоќната жена на Отоманската империја и една од најмоќните во историјата на човештвото. Таа извршила големо влијание врз политиката на Отоманската империја и одиграла водечка улога во државните работи.
Двете актерки Мерјем Узерли и Вахиде Перчин засекогаш ја овековечија на малите екрани, а еве што велат историските извори за изгледот на оваа моќна и мистериозна жена во турската историја.
Султанија Хурем или Рокселана
Султанија Хурем е позната и како Рокселана, но нејзиното вистинско име, како и нејзиното детство не се целосно познати. Се претпоставува дека се викала Анастасија или Александра. Таа беше по потекло од Кралството Полска, од територијата на денешна Украина.
Како и многу нејзини сонароднички, кои биле многу барани во Константинопол (Истанбул), Рокселана била земена како бела робинка во Отоманската империја или како украдена робинка или можеби нејзините родители ја продале (што било вообичаена појава во Русија).
Ибрахим Паша од благодарност му ја подари младата Рокселана на својот султан Сулејман I. Таа се нашла во харем во кој имало околу 300 робинки, но брзо го привлекла окото на султанот Сулејман.
Откако го поминала познатиот „златен пат“ до султанскиот кварт, таа никогаш не ги напуштила.
Како всушност изгледала таа?
Многу уметници ја овековечиле во многу слики според тоа како е опишана, иако нема фотографии или вистински портрети од неа.
Рокселана имала огнена црвена коса. Таа е опишана како нежна, тенка, прекрасна и волшебна. Покрај тоа, таа била многу интелигентна, весела и ведра. Борец по природа, вешта во манипуливии со луѓето, гушкана како јагне и опасна како волк, таа одлучила да стане миленица на султанот..
Нејзината харизма ги привлекувала сите во харемот, поради што брзо го добила името “Хурем“, што значи “насмеана“. Сулејман Величествениот веројатно бил заведен од нејзината интелигенција, духовитост и многу страсна природа.
Ликот на султана Хурем со векови ги инспирира уметниците. Црвенокоса убавица со нагласени облини што ја буди фантазијата. Така најчесто е прикажана во бакарни плочи и платна на уметници од средниот век.
Оваа слика се должи на извесен Мелхиор Лорикс, кој поминал пет години во Константинопол придружуван од хабсбуршкиот пратеник. Во неговите патописи, тој ја опишува Рокселана токму онака како што подоцна ја насликале уметниците и како што писателите ја измислиле, вклучувајќи го и Шекспир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата