logo
logo
logo

Светска уметничка повторно ја тужи Тејлор Свифт: Таа ги бара сите приходи од хитовите

Vecer | 23.10.2025

Светска уметничка повторно ја тужи Тејлор Свифт: Таа ги бара сите приходи од хитовите

Уметничка од Флорида, Кимберли Мараско, побарала од судот да им наложи на светската музичка ѕвезда, пејачката Тејлор Свифт и на другите обвинети да се откажат од своите заработки од песни за кои таа тврди дека содржат нејзин материјал заштитен со авторски права, објави Newsweek.

Мараско, која се застапува себеси во случајот, поднесе втора изменета тужба на 14 октомври против Тејлор Свифт, текстописецот Арон Деснер и издавачките куќи Universal Music Group и Republic Records.

Тужбата бара враќање на заработката за која таа вели дека е заработена преку повреда на авторските права.

Правниот експерт Нема Рахмани, претседател на адвокатската канцеларија „West Coast Trial Lawyers“ и поранешна федерална обвинителка, го објасни правниот термин: „Надоместувањето се фокусира на страната што го прекршила законот и прашува: Колку профитирале од повредата на авторските права“, рече Рахмани.

Тој додаде дека ако Мараско го добие случајот, целата заработка на Свифт од спорните песни би можела да биде „запленета и доделена на тужителот“.

Мараско ја обвини Свифт и нејзините соработници дека ја копирале нејзината поезија, како во текстовите на песните, така и во визуелните елементи за повеќе албуми - вклучувајќи ги „Lover“, „Folklore“, „Midnights“ и „The Tortured Poets Department“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk