logo
logo
logo

Суд во Сплит го осуди Сергеј Трифуновиќ на условна затворска казна од два месеца

Vecer | 18.09.2024

Суд во Сплит го осуди Сергеј Трифуновиќ на условна затворска казна од два месеца

Бидејќи во понеделник на полноќ беше уапсен на граничниот премин Бајаково и спроведен во Сплит, ќе му се бројат 59 дена условна казна.

Трифуновиќ ќе треба да плати судски трошоци во износ од 150 евра, а се откажа од правото на жалба.

Пресудата е правосилна.

На актерот му е вратен пасошот, а во изјава за „Слободна Далмација“ кажа дека „ионака ќе стане граѓанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е од Риека“.

По излегувањето од судницата, Трифуновиќ во ходникот го пречекал службеник на полициското одделение за законитост, му ја покажал значката и му рекол да дојде со него.

-Зошто? го праша Трифуновиќ, на што службеникот рече: „Мораме да провериме дали сега сте легално во Република Хрватска“.

На тоа, според „Слободна Далмација“, Трифуновиќ одговорил: „Како да не бидам легално, кога ме уапсивте на Бајаково и ме доведовте?

Да потсетиме, Трифуновиќ беше уапсен во понеделникот вечерта на граничниот премин Бајаково, спроведен е во Сплит каде беше сослушан во полициска станица поради текстови со недолична содржина што претходно ги објавил на социјалните мрежи и во кои ги навредува полицајците и полициските службеници.

Трифуновиќ и во септември минатата година беше уапсен од полицијата во Сплит откако граѓани го пријавиле на сплитската плажа Каштел, бидејќи без надзор го чувал своето куче, што ги вознемирило присутните.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на својот Инстаграм профил се огласи со видео порака во која реагираше за апсењето на актерот Сергеј Трифуновиќ во Хрватска и побара од државните органи на Република Србија да направат се тој да биде ослободен и вратен во Србија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk