logo
logo
logo

СО КОГО ЗАСПИВАШ? - прашува Дарко Андонов-ДААН

Vecer | 11.12.2023

СО КОГО ЗАСПИВАШ? - прашува Дарко Андонов-ДААН

Дарко Андонов или ДААН, како што е познат во јавноста, има нова песна насловена „Со кого заспиваш“. Песната, открива ДААН, е работена заедно со неговиот соработник и пријател Кире Јакимов, кој воедно е и автор на музиката и текстот, додека аранжманот на песната е негов.

- Миксинг и мастеринг исто така работеше Кире Јакимов за што сум му многу благодарен, бидејќи ретко кој на овие простори може да извади толку добра продукција, песната сонично звучи стварно одлично. Честопати знам да искоментирам и да го наречам мастер 😊 бидејќи навистина финалниот продукт секогаш звучи феноменално, вели ДААН и открива дека интересно е што оваа песна била готова уште есента 2022 година. 

- Од најразлични причини, проблеми и слично некако се пролангираше и после неколку претрпени измени и преснимување го доби финалниот звук, што по мое мислење излезе и подобро од првичната верзија. Во однос, пак, на видео записот, целта беше да се долови самата порака од текстот на песната, односно да се отслика приказната во видео што ќе одговара на целата нумера, за да може крајниот слушател/гледач како аудио така и визуелно да ја почувствува енергијата, открива пејачот чија и била идејата за спотот, а е работен со Дарко Димитриевски, кој всушност бил задолжен и за самото снимање и едитирање на видеото.

Кадрите се снимени на неколку локации во центарот на Скопје, а идејата всушност била да се опфатат повеќе локации во најразличен период од денот за да може да се направи конекција со одредени клучни моменти во текстот.

Со овој проект ДААН не застанува, напротив најавува нови проекти, меѓу кои и неколку соработки со артисти од државата, но и надвор.

- Би сакал да ја искористам оваа прилика и екслузивно да најавам дека работиме на еден многу интересен и модерен дует во моја изведба со девојче кое последниов период е доста актуелно како артист, меѓутоа ќе оставам ова да биде изненадување и нема да откријам за кој се работи, вели Дарко кој на самиот крај од разговорот испрати една убава честитка по повод претстојните празници, посакувајќи им на сите многу среќа, здравје и благосостојба. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk