logo
logo
logo

Синот на Ричард Гир и на славната Бонд девојка глуми во популарна серија

Vecer | 22.04.2026

Синот на Ричард Гир и на славната Бонд девојка глуми во популарна серија

Иако потекнува од познато актерско семејство, Хомер се труди да изгради сопствен идентитет и име.

Хомер неодамна за „Entertainment Tonight“ зборуваше за својата актерска кариера и за советите што ги добива од татко му. Тој истакна дека искуството на Ричард со славата и животот во јавноста му е исклучително важно. Како што вели, татко му не го советува толку во врска со самото глумење, колку за тоа како да се носи со вниманието и со притисокот што ги носат успехот и популарноста.

- Не е работата толку во самата работа, туку во тоа како да се носиш со сè и да останеш приземен – рече тој и додаде дека поддршката од татко му му е многу важна.

Иако живеат на различни континенти — Хомер во Лос Анџелес, а Ричард од 2024 година во Шпанија со сопругата Алехандра Силва и нивните синови Александар и Џејмс – тие останаа многу блиски и се во секојдневен контакт.

Ричард Гир за „People“ изјави: „Сакам да поминувам време со мојот син. Без разлика дали шетаме низ шума или заедно правиме нешто добро за други луѓе, секогаш сум среќен кога го гледам“.

Хомер е роден во февруари 2000 година во бракот на Ричард Гир и актерката и манекенка Кери Лауел, позната по улогата во серијата „Закон и ред“, како и по тоа што беше една од девојките на Бонд.

Името го добил по дедовците – Хомер по таткото на татко му, а Џејмс по таткото на мајка му. Средното име Џигме потекнува од тибетанскиот јазик и значи „бестрашен“, што се вклопува во долгогодишната поврзаност на Гир со будизмот.

Хомер израснал далеку од холивудскиот гламур, меѓу Њујорк и Вестчестер. Одел во приватното училиште „Hackley“, а потоа на престижниот универзитет „Браун“ дипломирал психологија и визуелни уметности. Во текот на студиите се интересирал за различни области — учествувал во истражувања од невронауката, но и во студентски филмски проекти.

Ричард Гир претходно изјави дека внимателно ги бирал проектите за да поминува што е можно повеќе време со синот додека тој растел.

- Обично сам носам одлуки за проектите, но внимавам да не бидам долго одвоен од Хомер. Ако тоа би било тешко за него, не би ја прифатил работата. Семејството ми е најважно – изјави актерот.

Денес Хомер гради сопствена кариера. Освен улогата во „Еуфорија“, ќе се појави и во новата серија „The Shards“ на режисерот Рајан Марфи, работена според хорор романот на Брет Истон Елис од 2023 година. Во серијата ќе глуми и манекенката Каја Гербер, чија мајка Синди Крафорд претходно беше во брак со Ричард Гир.

Иако долго време беше далеку од јавноста, Хомер во последните години сè почесто се појавува на црвените теписи со својот татко. Со оглед на тоа што посериозно влегува во актерскиот свет, се очекува публиката во иднина да го гледа уште почесто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk