logo
logo
logo

Шон Мендес повторно е снимен со 51 – годишна докторка, се зборува декас е во врска (ФОТО)

Vecer | 22.02.2023

Шон Мендес повторно е снимен со 51 – годишна докторка, се зборува декас е во врска (ФОТО)

Долго време се шпекулира дека Мендес и Миранда се во врска, а овие фотографии само ги подгреваат гласините.

Мендес се појави без кошула, облечен само во црни панталони, долги чорапи и планинарски чизми. Миранда носеше црни хеланки, ретро очила за сонце и бели патики. Тие беа расположени и насмеани без оглед на тоа што папараците ги снимаа.

Гласините околу двајцата започнаа минатиот јуни кога беа фотографирани на ручек, иако Џоселин со години служеше како киропрактичарка и доктор на Мендес на турнеите, концертите и ревиите. И покрај тоа што често се гледаа заедно, тие не ја потврдија врската.

Поради нејзината специјализација за биомеханика и биодинамика, Миранда е многу позната меѓу американските пејачи, актери и спортисти, а нејзините медицински услуги ги користеле Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Џастин Тимберлејк, Омар Аполо, Блејк Грифин, а таа била официјален доктор на летната кошаркарска лига на големата тројка.

Веста за потенцијалната нова романса на Шон Мендес доаѓа повеќе од една година откако тој и Камила Кабело се разделија по речиси три години врска. Кабело започна да се забавува со Остин Кевич во јули 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk