logo
logo
logo

Шакира „настрада“ поради војната на Блискиот Исток- ги откажа сите концерти

Vecer | 24.03.2026

Шакира „настрада“ поради војната на Блискиот Исток- ги откажа сите концерти

Колумбиската пејачка требаше да настапи на 1 април како дел од нејзината светска турнеја, но настанот беше одложен поради зголемените тензии во регионот.

Слична судбина го снајде и музичкиот фестивал OFFLIMITS во Абу Даби, каде што Шакира требаше да настапи со популарниот бенд Jonas Brothers на 4 април. Организаторите во вторник објавија дека фестивалот е одложен до ноември. Ова се најновите во низата откажани и одложени културни и спортски настани во земјите од Персискиот Залив, кои се најдоа во сенка на растечкиот конфликт меѓу Иран и САД.

Од безбедносни причини, американскиот пејач Џош Гробан ги откажа концертите планирани во Дубаи и Бахреин. Спортот не беше поштеден од последиците од кризата. Организаторите на Формула 1 ги откажаа двете трки планирани за април - во Бахреин и саудискиот град Џеда. Исто така, беше откажан и фудбалскиот натпревар меѓу актуелните европски и јужноамерикански шампиони, Шпанија и Аргентина, кој требаше да се игра во Катар.

Зголемените геополитички тензии имаат сериозно влијание врз меѓународните настани, покажувајќи дека конфликтите меѓу големите сили влијаат не само на политиката, туку и на глобалната култура, спортот и забавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk