logo
logo
logo

Се појавија фотки од ПОЧЕТОКОТ НА КАРИЕРАТА на Вики Миљковиќ - отпеа песна од кумата, па се ПОЖАЛИ НА ОРКЕСТАРОТ

Vecer | 15.01.2023

Се појавија фотки од ПОЧЕТОКОТ НА КАРИЕРАТА на Вики Миљковиќ - отпеа песна од кумата, па се ПОЖАЛИ НА ОРКЕСТАРОТ

Пејачката Вики Миљковиќ е сопственичка на бројни хитови. Зад себе има тридецениска кариера, а како и многу нејзини колешки, кариерата ја започнала пеејќи на разни забави.

Иако нејзините родители не биле за тоа нивната ќерка да биде пејачка, таа била упорна и не се откажувала од својот сон, а сега се појави и видео од една од првите забави на кои пеела.

Имено, снимката е од 1993 година, иако не се знае за каква прослава се работи, на многумина им е интересно што таа во тоа време ја пеела песната „Шта је то у твојим венама“ која оригинално ја изведе нејзината сегашна кума Цеца.

Вики во еден момент кога го завршила рефренот се свртела кон оркестарот и им рекла да и дадат уште еден микрофон, бидејќи нешто не било во ред со оној со кој работела.

Не е познато дали Цеца и Вики тогаш се познавале, но она што е видливо е дека Вики оттогаш многу се променила, што е очекувано со оглед на тоа дека оттогаш поминаа 30 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk