logo
logo
logo

Ријана стана НАЈПЛАТЕНА ПЕЈАЧКА, вреди над 1,7 милијарди долари

Vecer | 05.08.2021

Ријана стана НАЈПЛАТЕНА ПЕЈАЧКА, вреди над 1,7 милијарди долари

Американската пејачка Ријана (33), според најновите податоци на Форбс, е најбогатата пејачка во светот. Меѓу жените во индустријата за забава, само Опра Винфри (67) е побогата од неа.

Нејзиното богатство во голема мера доаѓа од козметичката линија Fenty Beauty која што ја основа во 2017 година, а во моментов поседува 50 проценти. Покрај тоа, тука е и линијата за долна облека Savage x Fenty, проценета на 270 милиони долари.

По завидните претприемачки амбиции доаѓаат приходите од нејзината музичка и актерска кариера.

- Многу жени сметаат дека не постои шминка соодветна за нивната боја на кожа. Сите мислат дека има само светло, средно црно и црно, но тоа не е вистина - откри во една прилика пејачката, која сакаше својот бренд да го направи достапен за секого.

Пејачката заработува и од социјалните мрежи. Таа има 103 милиони следбеници на Инстаграм и 102,5 милиони на Твитер, што секако и носи дополнителен приход.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk