Раперот Стефан Ѓуриќ Раста направи револуција на музичката сцена во соседството благодарение на различниот пристап кон музиката. Имено, тој се здоби со популарност со користење на аутотјун во неговите песни, софтверски аудио процесор кој служи за корекција на гласот и инструменталната изведба, што особено привлече помлада публика. Од друга страна, тој ја изразува својата оригиналност и преку автентичен стил, а заштитниот знак му станаа дреадовите, очилата за сонце и златните синџири околу вратот.
Иако родителите на популарниот композитор и продуцент работат како професори - таткото Драган на Филозофскиот факултет, додека мајката Слаѓана е раководител на катедрата за општествени и хуманистички науки на Факултетот за безбедност, Раста тргна по друг пат во животот.
Често доаѓаше во центарот на медиумското внимание поради разни скандали, проблеми со законот, но и поради бракот со пејачката Ана Николиќ со која ја има и ќерката Тара.
View this post on Instagram
Сепак, додека не дојде во центарот на вниманието, пејачот изгледаше како обичен млад човек од соседството, имаше значително помала тежина, а дредовите за него беа мисловна именка. Напротив, тој тогаш ја носел фризурата позната како „фудбалерка“.
Деновиве на интернет се појавија негови фотографии од спотот за песната „Касно је“ кој го објави во 2011 година, а многумина изјавија дека воопшто не можат да го препознаат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата