Според медиумските извештаи, Дејн се обидува да остане силен и покрај влошената здравствена состојба.
Оваа недела, актерот беше виден на аеродромот во Вашингтон во инвалидска количка, кога испрати порака до своите обожаватели кои се загрижени за него, објави Дејли Меил.
Со забележлива тешкотија во говорот, Ерик Дејн одговори на фотограф кога го прашаа што сака да им каже на своите обожаватели:
- Нека веруваат - одговори актерот, а кога му беше кажано дека луѓето му посакуваат се најдобро, тој одговори: „Ти благодарам, брате“.
Облечен во спортска облека, Ерик Дејн го напушти аеродромот со помош на придружничка.
Eric Dane, 52, is now in a wheelchair and struggles to speak... as insiders give heartbreaking update on his decline https://t.co/9WLfqcYqhs
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 30, 2025
И покрај сериозната состојба, извор близок до актерот рече дека тој се обидува да ја одржи својата ментална сила.
- Тој сака да ужива во она што го има сега, бидејќи знае во срцето дека утрешниот ден не е загарантиран - рече тој и додаде:
- Тој сака да живее и не сака луѓето да тагуваат за него додека минува низ овој тежок период. Сака неговите најблиски да бидат таму и што е можно посреќни. Сака да биде опкружен со позитивност - тоа е она што го движи во моментов - вели изворот.
Неговата сопруга, актерката Ребека Гејхарт, неодамна разговараше со „Пипл“ за тоа како болеста влијаела на нивните две ќерки, 15-годишната Били и 13-годишната Џорџија.
- Навистина е срцекршачко. Моите девојчиња многу страдаат и само се обидуваме да го надминеме ова. Тешко време е - рече актерката, додавајќи дека семејството има поддршка од професионални терапевти и дека се обидуваат да ја одржат надежта жива „со достоинство, грациозност и љубов“.
Ерик Дејн се појави претходно во септември во кампања за организацијата I AM ALS, која има за цел да го забрза истражувањето на невродегенеративната болест.
Прогресијата на болеста беше очигледна, бидејќи зборуваше бавно и со тешкотии, а рацете му се грчеа.
„АЛС е последното нешто што сакате да ви биде дијагностицирана“, рече Ерик Дејн во разговор што беше снимен на видео и објавен на TikTok профилот на политичарот на 29 септември.
Актерот објасни:
„Честопати, потребно е толку долго време за да се дијагностицира што пациентите на крајот се исклучени од клиничките испитувања. Затоа Законот за АЛС е толку важен - бидејќи го проширува пристапот за сите“, нагласи тој.
Зборувајќи со Ерик Сволвел, кој поддржува иницијатива за обезбедување федерално финансирање за истражување на АЛС, Ерик Дејн нагласи дека ќе се бори до крај.
„Имам две ќерки дома. Сакам да ги видам како дипломираат на колеџ, да се мажат, можеби да имаат деца. Сакам да бидам таму за сето тоа. Затоа ќе се борам до последен здив“, рече актерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата