logo
logo
logo

Почнува судењето на францускиот легендарен глумец Депардје за сексуален напад

Vecer | 24.03.2025

Почнува судењето на францускиот легендарен глумец Депардје за сексуален напад

Случајот се однесува на обвиненијата од две жени дека Депардје во 2021 година ги допирал на интимни места против нивна волја, за време на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) на режисерот Жан Бекер. Од нив, едната го обвини актерот дека насилно ја запрел во ходник, ја допирал и ѝ давал непристојни коментари. Таа поднела тужба против него во февруари 2024 година за сексуален напад, вознемирување и сексистички навреди.

А пак, другата жена - асистентка на режисерот, го обвини Депардје дека ја допирал и ја тормозел на сцената за снимање. Таа поднесе тужба во март 2024 година.

Доколку биде прогласен за виновен, на Депардје му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 75.000 евра, според Јавното обвинителство на Париз.

Во октомври Судот го одложи судењето на барање на Депардје, поради здравствената состојба. Тој мораше да приложи лекарски уверенија пред судењето. Глумецот има бајпас и боледува од дијабетес. Судот не нареди психијатриска проценка.

Францускиот легендарен глумец со над 200 филма зад себе, треба да го застапува познатиот адвокат за кривична одбрана Жереми Асус. Филмскиот ветеран последниве години се соочи со голем број обвинувања за сексуално недолично однесување. Случајот по тужбата за силување на глумицата Шарлот Арно во 2020 година - останува отворен.

Како претходно, и овојпат Депардје ги отфрла наводите. Асус тврди дека обвиненијата се „целосно измислени“, наведувајќи дека немало директни сведоци на инцидентите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk