logo
logo
logo

Почина италијанскиот моден креатор Валентино

Vecer | 19.01.2026

Почина италијанскиот моден креатор Валентино

На 94-годишна возраст денеска почина Валентино Гаравани, италијански џет-сетерски моден креатор чии гламурозни фустани, често во неговата „заштитна Валентино-црвена боја“, се истакнуваа на модните ревии речиси половина век, соопшти денеска неговата фондација.

Тој беше еден од модните гиганти на 20 век, а неговите креации ги носеа Елизабет Тејлор, Ненси Реган, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Гвинет Палтроу.

Во 1960 година, тој беше ко-основач на модната куќа Валентино и е рангиран на врвот на таа професија заедно со Џорџо Армани и Карл Лагерфелд.

Ковчегот со неговото тело ќе биде изложен во седиштето на неговата фондација во Рим в среда и четврток, а погребот ќе биде извршен в петок во Рим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk