logo
logo
logo

Почина британскиот актер Џос Акланд

Vecer | 20.11.2023

Почина британскиот актер Џос Акланд

Тој е опишан и како „сакан татко“, кој 51 година беше в брак со неговата сопруга Розмари пред таа да почине во 2002 година. Починал „мирно и опкружен со семејството“, велат тие.

Светот го запомни по десетиците филмови од 1980-тите и 90-тите какви што се „Белата пакост“ (White Mischief) и „Прв и последен“ (First and Last), за коишто доби и номинации за најдобар глумец на британските престижни „БАФТА“ награди... Но, Акланд почнал како театарски глумец во родниот Лондон.

Во една прилика, тој изјави и дека се појавува и во некои „ужасни филмови“ затоа што бил зависник од работа. Тој е носител и на Највисокото одличје на Британската Империја за заслуги во науката и уметноста од 2000 година.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk