Дувал, пишува „Варајети“ (Variety), остана запаметен по воздржаниот, суров натурализам кој ја одбележа генерацијата актери меѓу кои беа Роберт де Ниро, Дастин Хофман и Џин Хекман.
Иако никогаш не беше комерцијална ѕвезда од рангот на Де Ниро, неговиот ненаметлив, но целосно посветен пристап кон ликовите му донесе голема почит кај колегите и критиката, оценува американскиот магазин.
Во текот на богатата кариера го освои Оскарот за најдобра машка улога во 1984 година за филмот „Нежни милости“, а за наградата на Американската филмска академија вкупно беше номиниран седум пати, и тоа за улогите во филмовите меѓу кои се „Кум“, „Апокалипса денес“ и „Големиот Сантини“.
Забележителни улоги оствари и на телевизија, во мини-сериите „Осамена гулабица“ (Lonesome Dove) и „Прекината патека“ (Broken Trail), за кои освои две награди Еми.
Една од последните улоги ја оствари во филмот „Бледосиното око“ во 2022 година.
Зад себе ја остави сопругата Лусијана Педраза Дувал, со која беше во брак од 2005 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата