logo
logo
logo

Жална вест: Почина актерката Сабина Ајрула Тозија

Vecer | 10.08.2021

Жална вест: Почина актерката Сабина Ајрула Тозија

На 75 годишна возраст, почина актерката Сабина Ајрула Тозија.

Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, неодамна беше оперирана од тумор на мозокот, за кој дознала откако и се слошило на снимање на една серија, јавува а1он.

Операцијата беше околу Нова година, во Скопје.

Сабина Ајрула е родена на 17 април 1946 година во Скопје и е дел од златната генерација актери.

Во едно од последните интервјуа во 2014 година, за состојбата во Македонија, таа вели:

-Мислам дека ние не сме посебно подложни на делби. Ги има кај сите народи во разни историски периоди, а можеби најмногу денес. Поделбите се резултат на намери. Морам да споменам дека некогашниот систем инсистираше на обединување, често и со присила. Особено внимаваше на етничките хармонизирања, фамозното „братство и единство“. Увозниците на демократијата се скинаа подбивајќи се со овој поим. Сега имаме поделби по сите можни основи, етнички, партиски, класни... Тоа е погубно за мала земја, како што е нашата. Целта е јасна: полесно владеење со помалите општествени сегменти и промоција на принципот на стадо. Во оваа земја може да се создаде надеж само ако се појави некој или нешто што ќе обединува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk