logo
logo
logo

По 30 години пеење Кеба се пензионира, ЕВЕ КОЛКАВА Е НЕГОВАТА ПЕНЗИЈА

Vecer | 05.11.2022

По 30 години пеење Кеба се пензионира, ЕВЕ КОЛКАВА Е НЕГОВАТА ПЕНЗИЈА

Фолк пејачот Драган Којиќ Кеба официјално се пензионираше, пренесуваат српските медиуми. Пејачот минатата година наполни 65 години со што веќе имаше право на пензија, но своето барање до Фондот на ПИО го достави дури во февруари оваа година.

Пејачот ќе зема 46.000 динари месечно или 23.000 македонски денари. Изворот на српски Информер вели дека Кеба неодамна го добил решението за официјално пензионирање.

Во образложението пишува дека го исполнил условот за возраст и дека неговата месечна пензија, која ќе ја добива во два дела, ќе изнесува нешто повеќе од 46.000 динари.

Кеба со години бил пријавен преку својата фирма „Кебони“ преку која плаќал данок на државата, а имал и статус на истакнат уметник, па се претпоставува дека на овој начин ги исполнувал законските норми за пензионирање.

Покрај Којиќ, меѓу српските јавни личности пензија земаат и Саша Поповиќ (700 евра), Злата Петровиќ (35.000 динари, плус пензија од Австрија 800 евра), Нада Обриќ (16.000 динари), Хасан Дудиќ, Бора Ѓорѓевиќ (народна пензија), Нада Топчагиќ (35.000 динари).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk