Папараците ја снимиле како излегува од зграда во Калабасас облечена во црно издание и носи чанта од Луј Витон од 2.544 долари, а кога ги видела се обидела со раката да го сокрие своето отечено лице.
Ѕвездата на Мелроуз Плејс со години се бори со зависноста. 61-годишната актерка имала нервен слом и била уапсена во 2018 година кога го претепала своето момче и нападнала тројца полицајци, по што завршила во психијатриска болница.
Истата година заврши во болница по наводно предозирање, а пред четири години во алкохолизирана состојба го уништи своето Порше и беше осудена за девет прекршоци и испратена на рехабилитација.
Да потсетиме, актерката на крајот на јуни беше фотографирана на улица во Лос Анџелес како седи на тротоар со разбушавена коса и збунет израз на лицето, а неколку дена подоцна беше фотографирана на улица во Малибу како седи на скали, чита од хартија и зборува сама со себе.