Поради останувањето дома, нејзиното темпо на живот целосно се променило во тој период, објави Телеграф.
Со оглед на тоа што живее со својата ќерка, зет и внуци, таа постојано подготвувала разни закуски за нив, како палачинки и пити, додека тортите и колачињата биле неопходни на трпезата за време на празниците.

Поради таквиот начин на живот, пејачката се здебелила четири килограми.
Неда набрзо решила да ги земе работите во свои раце и да ја започне таканаречената липосукциска диета.
Нејзината исхрана се базира на внес на протеини, додека во голема мера избегнува јаглехидрати.

Тајната на нејзиниот успех лежи и во фактот дека пиела здрави шејкови на секои четири часа.
Покрај пијалоците, нејзиното мени најчесто вклучувало месо, голема количина салата, како и риба, која сака да ја подготвува.
Пејачката нагласува дека обично не е склона кон прејадување, па затоа овој нов начин на исхрана не ѝ бил тежок.

Ова е менито на Неда Украден
Појадок: Овошен смути.
Ручек: Стекови и зелена салата.
Вечера: Чорба од брокула.
Трик против гладот: Ако чувствувате глад помеѓу оброците, нејзиниот совет е да испиете чаша вода или чај од ѓумбир.
Дневни тренинзи за дополнителна енергија
Покрај прилагодената исхрана, Неда Украден нагласува дека се вратила и на вежбите, кои сега ги прави речиси секојдневно, бидејќи е многу важно да остане во добра форма.
Откако ги елиминирала слатките и нездравата храна од својот живот, пејачката вели дека се чувствува одлично, дека има многу повеќе енергија и дека поради ова, многу полесно ги завршува сите работни обврски.
Благодарение на оваа дисциплина, таа ослабела четири килограми за кратко време и сега е целосно задоволна од својот изглед.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата