logo
logo
logo

На погребот на Халид Бешлиќ присуствуваат над 50.000 луѓе (ВИДЕО)

Vecer | 13.10.2025

На погребот на Халид Бешлиќ присуствуваат над 50.000 луѓе (ВИДЕО)

На гробиштата има многу луѓе, а ковчегот со телото на Халид е донесен на местото на вечното почивалиште, објави Телеграф.

Патем, како што напишавме претходно, на гробиштата е донесено и она што Халид Бешлиќ најмногу го сакал во текот на својот живот - микрофон, кој моментално стои во близина на гробот на пејачот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by A2.INFO (@a2.info)

На врвот од ковчегот има посебен симбол - босански фес

Босанскиот фес е традиционална капа, позната и како фес или тарбух, која играла важна улога во културата и костимот на Босна и Херцеговина, особено кај муслиманското население за време на отоманскиот период и 19 век.

Фесот најчесто е црвен, цилиндричен или малку конусен по форма, направен од филц (обично волна). Често има црна свилена ресна (реса) на врвот. Фесот бил знак на престиж, чест и припадност кон урбаната класа (особено меѓу бошњачките бегови, трговци и учени). Се носел со традиционални носии - антер, џелек, чакшир и долма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk