logo
logo
logo

Миле Паника се опушта со „БРАНКО“

Vecer | 12.04.2023

Миле Паника се опушта со „БРАНКО“

Бранко Огњановски или човекот кого јавноста и ден-денес го памети по прекарот Миле Паника, заради ликот кој го играше во хумористичното шоу К-15 е човекот со чии „фори“ пораснаа и се служат многу генерации. Миле, Цацко и Тошо беа оригиналната банда на шоуто, а освен основачи беа и дел од сценаристите и режисерите.

К-15, започна да се емитува во средината на 90-те години, односно првата епизода беше емитувана на 23 ноември 1994.

Во шоуто се исмеваа и обработуваа социјалната, политичка и економска ситуација, особено нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина.

Миле Паника имаше карактеристичен изговор, односно говорна маана која додаваше дополнителен ефект на неговиот хумор. Народот го обожаваше неговиот лик, кој остави толку силен впечаток, што сосема е логично зошто Бранко и денес го препознаваат како Миле Паника.

Бранко е активен и на социјалните мрежи, каде често знае да сподели фотографии поврзани со неговиот приватен живот. Токму со една од последните покажа како се релаксира по дома.

Имено, тој на Инстаграм објави дека се опушта со чашка ракија, а интересно е тоа што ракијата се вика Бранко. Станува збор за ракија од кајсија, произведена во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk