Не е познато како дошло до тоа, но Мелани претходно се борела со рак на кожата. На оваа 65-годишна жена и претходно ѝ приговараа поради нејзиниот изглед. Имено, таа направи естетски зафати, а фановите потоа го критикуваа нејзиното лице.
Затоа решила да зборува за сѐ и рекла дека го сменила докторот по критиките бидејќи и самата не била задоволна од резултатот.
„Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да велат: „О, Боже мој, што направи?!“. "Толку ме повредија што отидов кај друг лекар и почнав да се занимавам со сите глупости што ми ги направи еден лекар. За среќа, сега изгледам понормално", рекла таа во едно интервју.
Грифит своевремено имаше и големи проблеми со алкохолот и тоа влијаеше на нејзината работа. Таа вели дека многу ѝ е жал поради тоа и додава дека и покрај проблемите со алкохолот, секогаш добро функционирала како мајка.
Првпат ѝ бил дијагностициран рак на кожата пред десет години. Иако тврдеше дека е излечена, болеста повторно се вратила во 2017 година. Тогаш актерката забележала темна дамка на носот, која била отстранета со операција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата