Индиската актерка Сурека Сакри почина на 77-годишна возраст.
Актерката ја имаше главната улога во скоро сите серии, а во Македонија е позната по ликот на бабата Каљани Деви во хит-сапуницата „Малечката невеста“, за што доби и награда.
Суреки почина, како што објавија медиумите, поради срцев удар, а многу македонски фанови се збогуваат со актерката.
Потсетуваме, серијата „Малечката невеста“ беше прикажана во периодот од 2011 до 2016 година, каде гледачите го следеа животот на главните ликови и одредени обичаи во Индија во дури преку 2.000 епизоди.
Останатите 245 епизоди сè уште не се прикажани во Македонија.
[embed]https://youtu.be/anUnYSm7Wns[/embed]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата