logo
logo
logo

Леонардо Ди Каприо негира дека е во врска со 28- годишна водителка (ФОТО)

Vecer | 04.04.2023

Леонардо Ди Каприо негира дека е во врска со 28- годишна водителка (ФОТО)

Гласините за романса се појавија откако Ди Каприо и Џама биле забележани заедно во неколку наврати, а извор потврдил дека тие често се гледаат.

„Двајцата неодамна излегоа од долги врски, па не брзаат со ништо. Се забавуваат и ќе видат како ќе биде“, рече тој.

Наводно, дуото минатиот месец бил во Њујорк, каде што и двајцата биле на деловни состаноци. Тие биле снимени и како го напуштаат клубот Ле Пјаф во Париз со пријателите. Во февруари оваа година, двајцата се видени како се забавуваат заедно во Лондон за време на викендот БАФТА.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maya Jama (@mayajama)

Неодамна Ди Каприо го поврзуваа со неколку убавици, а меѓу поновите се 21-годишната американска манекенка Џози Редмонд и 19-годишната манекенка Еден Полани. Актерот се најде на удар откако многумина забележаа дека излегува само со девојки помлади од 25 години.

Кога се шушкаше за романса со Маја Џама, многумина се надеваа дека Ди Каприо конечно пројавил интерес за „повозрасни“ девојки, но изгледа се уште ништо не се случило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk