logo
logo
logo

Оваа лекција од Аркан, Цеца НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ЗАБОРАВИ

Vecer | 12.03.2022

Оваа лекција од Аркан, Цеца НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ЗАБОРАВИ

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ во една прилика откри каква лекција научила од нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, кон која се придржува и денес и нема да ја заборави.

Цеца проговори за приватниот живот, а потоа се осврна и на Аркан и неговите зборови кои се уште ги памети.

- Мислам дека сум добар пријател. Многу ја почитувам лојалноста на луѓето. И тоа го научив од мојот покоен сопруг. Секогаш велеше: „Не е богатството во материјалните работи. Млада си и ќе разбереш со време, твоето најголемо богатство секогаш ќе бидат семејството и лојалните пријатели. А биди среќна ако можеш да издвоиш двајца вистински лојални пријатели за останатото од твојот живот“. И тоа е вистина, навистина – изјави Цеца.

- Ми се случи во некои случаи луѓето само да се искристализираат. Се разбира, тешко ви е да преболите, но го преболувате. Некои луѓе едноставно имаат свој животен век во вашиот живот, вашите патишта се разминуваат, некои на убав начин, некои се болни и грди, но, повторно, ништо не се случува случајно во животот - некои луѓе не ги среќаваме случајно, случајно не се разделуваме од некои луѓе - изјави во една прилика Ражнатовиќ.

- Тоа е рамнотежа. Таму каде што можеби лошо се разминав, никогаш не сум „плукнала“ на таква врска, што би рекле нашите, ниту лошо коментирам, бидејќи тоа било мој избор. И сега, дали се добри или лоши, тоа времето ќе покаже - изјави Цеца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk