logo
logo
logo

Кој ќе стане следниот Бонд? На списокот се познати заводници и две жени

Vecer | 29.09.2021

Кој ќе стане следниот Бонд? На списокот се познати заводници и две жени

Најновиот дел од филмската франшиза на Џејмс Бонд, „Нема време за смрт“, беше премиерно прикажан во вторникот во Ројал Алберт Хол во Лондон. Ова долгоочекувано продолжение ќе биде последното во кое ќе го видиме актерот Даниел Крег во улога на тајниот агент 007.

Крег го гледавме во улогата на Бонд од 2006 година во пет продолженија на франшизата, а филмоманите веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да го наследи. Според обложувалниците, најголем фаворит за оваа улога во моментов е актереот кој е омилен на женската популација Том Харди.

Второто место во обложувалниците го држи Реге Жан Пејџ. Неговото појавување во драмата на Нетфликс „Бриџертон“ ги освои срцата на понежниот пол ширум светот.

Шкотскиот кандидат за улогата на Бонд е актерот Ричард Меден, познат на многумина по улогата во „Игра на тронови“.

Филмската ѕвезда на Марвел, Лашана Линч ќе се појави во најновото продолжение на франшизата за Џејмс Бонд, и ја покажа својата вештина во акциониот жанр. Некои шпекулираат дека таа би можела да е првиот женски Бонд.

Иако изгледа невообичаено ѕвезда од  бенд да биде прогласен за најпознат шпионна сите времиња, но Хари Стајлс не треба да се игнорира кога станува збор за неговите актерски таленти. Стајлс ќе донесе нова генерација жестоки млади обожаватели со него во франшизата Бонд.

Актерката Џилијан Андерсон би била достоен кандидат да воведе историска пресвртница како женскиот Бонд, веруваат многу фанови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk