Виктор Милетиќ (55) е еден од највпечатливите кандидати на натпреварувањето „Никад није касно“, а освен по гласовните способности, препознатлив е и по својот шарм и физички изглед.
Пејачот често на социјалните мрежи објавува провокативни фотографии на кои позира во базен и тоа во гаќички за капење, а никој не останува рамнодушен особено поради неговата фигура и мускулите.
Токму затоа ги добил прекарите „згоден татичко“ и „Виќа шмекерица“, кои му ги дале неговите обожаватели.
Освен музиката, најголема љубов на пејачот е и фудбалот, а по дваесетгодишна пауза Виктор се врати на терените.
-Ме поканија да бранам за ветераните на „Црвена звезда“, што со големо задоволство го прифатив. Во суштина, пеам и бранам, низ смеа открива натпреварувачот на „Гранд“.
Пејачот еднаш открил и со што се бави:
- Се занимавам со шпедиција, пеење и фудбал, ми се допаѓа се што им се допаѓа на младите, вака накратко се претставува Виктор Милетиќ, кој со години успешно се занимава со манекенство, а своевремено имале и агенција за модели.
- Се занимавав полупрофесионално со музика додека не се преселив во Словенија. Животот ме однесе таму за некои други работи.
Инаку, Виктоа често го споредуваат со италијанскиот милионер Џанлука Ваки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата